Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Валверде-Камавинга-Родриго: Акција во три потези за победа на Реал Мадрид (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид излезе како победник на дербито во Милано против Интер, а голот за победа го постигна Родриго во 90. минута од средбата.

Домаќините не ги реализираа своите шанси на првиот настап во Лигата на шампионите сезонава, а казната стигна во последните моменти од дуелот.

Во главна улога кај Реал беа резервистите Камавинга и Родриго, од кои за првиот ова беше и деби настап во дресот на шпанскиот клуб во Лигата на шампионите.

Камавинга доби одлична топка и испрати корисна асистенција до Родриго, а Бразилецот не погреши и го совлада Хандановиќ, носејќи три важни бодови за својот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни