Валверде импресиониран од Фати: Тоа што тој го прави не е нормално…

fati

Екипата на Барселона со високи 5:2 славеше на вчерашниот натпревар против Валенсија, а за најдобар играч на истиот беше прогласен Ансу Фати.

16 годишното чудо од дете го отвори резултатот со одличен погодок уште во втората минута, а само пет минути подоцна му асистираше на Френки Де Јонг за 2:0. Во продолжение паѓаа голови како на филмска лента, но по крајот на средбата нормално дека Ансу Фати беше топ тема во јавноста.

– На никој не му е лесно да игра за Барселона, посебно не на така младо момче како Ансу Фати. Не е нормално да погодува со првиот допир на топката, а да асистира со вториот. Но се ќе дојде во нормала, сакаме да се запознае самиот себе, да сфати колку е комплициран светот на фудбалто, -истакна Валверде.

Инаку Фати во само три натпревари за Барселона постигна два погодоци, додека Лео Меси за првите два гола во каталонскиот дрес чекаше 13 натпревари.

Facebook Коментари