Поврзете се со нас

Шпанија

Валверде го расчисти недоразбирањето со Брахим со објава на социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Феде Валверде имаше бесен излив на емоции на гостувањето кај Мајорка и имаше посебни забелешки за Брахим Дијаз, кој претеруваше во една офанзивна акција и дозволи контра за домашниот тим.

Себичниот Брахим го разлути Валверде и овој во жар на играта му испорача неколку невкусни збора, а откако видеото доби на важност во јавноста, двајцата решија да ги расчистат недоразбирањата.

Пожртвуваниот Валверде расчисти опасност, па беснееше на себичен соиграч на гостувањето во Мајорка (Видео)

Валверде денеска завршил во претгратка на Брахим на тренингот на Реал Мадрид и фотографијата во јавноста ја проследи самиот клуб, но на социјалните мрежи се јави и самиот Феде.

– Мој брат, – гласи пораката на Уругваецот под сликата во која позира со Брахим.

Со овој потег, Феде јасно се обидува да ги стиши шпанските медиуми кои пишуваат за можен ладен однос меѓу двајцата фудбалери, но истовремено покажува дека двајцата не ја пренесуваат нервозата на тренинзите после емотивните изливи на фудбалскиот терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни