Валверде го посочи играчот од кого очекува многу повеќе: Тој е опција…

ernesto

Барселона имаше лошо отварање на новата сезона во Примера, поточно загуби на гостувањето кај Атлетик Билбао со 1-0. Денеска каталонците ги очекува нов предизвик и битка со Бетис на „Камп Ноу“, битка во која придонес поради повреди нема да можат да дадат Лионел Меси, Луис Суарез и Усман Дембеле што значи дека дефинитивно мора да се искаже и покаже новото летно засилување Антоан Гризман.

Од него тренерот Ернесто Валверде очекува многу повеќе отколку на дуелот на „Сан Мамес“, па пред дуелот со Бетис му испрати јасна порака на Французинот.

-Со секој изминат ден, Гризман подобто се интегрира. Ако игра и учествува може да биде пресуден. На „Сан Мамес“ не учствуваше онака како што посакувавме. Ни требаат играчи кои добро ќе се снајдат во шестнаесетникот. Со отсуствата што ги имаме во нападот, тој е опција која мораме да ја искористиме, -порача стратегот на шпанскиот шампион.

Facebook Коментари