Шпанија
Валверде го има „рецептот“ за Мбапе: За да биде најдобар…
Килијан Мбапе ја игра дебитанската сезона во дресот на Реал Мадрид, а првите неколку месеци носат различни впечатоци, заклучоци за настапите на напаѓачот.
Французинот има добри бројки на хартија со 14 голови и 4 асистенции на 24 натпревари, но кога играте за клуб како Реал постојано се очекува повеќе, да ја донесе магијата што во еден период ја имаше во ПСЖ и националниот тим.
Меѓутоа секој предизвик, приказна е различна, Килијан веќе се запозна со средината, подобро ги знае и соиграчите, па Феде Валверде веќе и има „рецепт“ за тоа како соиграчот да биде најдобар што може, а тоа е тие и навивачите да му дадат љубов.
-Отсекогаш сме го гледале како дава се од себе. Работи и тренира максимално напорно за да биде најдобар. Може да правите грешки, да имате лоши натпревари или лоши потези, но важно е да станете и да продолжите напред. Тој е пример и референца во соблекувалната. Тој е еден од најдобрите играчи во светот и мораме да му дадеме љубов, -порача Фед за Реал Мадрид ТВ.
-
Италија21 час
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства18 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија20 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Светски првенства7 часа
Храбро издание и нецелосна награда: Македонија испушти победа, но може да биде горда на прикажаната игра