Валверде е навистина посебен: Го натера Меси да се соочи со ситуација каква нема доживеано цели 11 години! (Фото)

mesi-prst

Лионел Меси имаше уште едно страшно шоу во преубедливата победа која ја оствари Барселона против Селта Виго со 5:0, а наспроти пласманот во четвртфиналето во шпанскиот куп, двата гола и нестварната асистенција која ја забележа, Аргентинецот ги натера статистичарите да се навратат наназад низ годините за да откријат кога последен пат се соочи со ситуација каква доживеа изминатава вечер на „Камп Ноу“.

Ернесто Валверде уште досега ни докажа дека се разликува од сите негови претходници со тоа што одлучи да го поштеди Меси на неколку натпревари оставајќи го на клупата, а изминатава вечер го натера Аргентинецот да се соочи со ситуација и сцена која последен пат беше видена во 2007 година.

Цели 11 години и 302 меча подоцна, Меси беше изваден на еден меч пред 60-та минута на мечот во ситуација кога немаше повреда, а ваквата техничка и храбра одлука на Валверде последен пат ја изведе Франк Рајкард во споменатата 2007 година кога го извади Меи од игра при водство од 0:4 на гостувањето кај Леванте.

Тогаш, Меси местото му го отстапил на Џовани Дос Сантос, а изминатава ноќ му даде шанса за настап на Дембеле кој доби шанса во 59-та минута од мечот.

mesi-osman

Facebook Коментари