Валверде бара поголема почит: Ако трката за титулата беше понеизвесна, тогаш…

valverde

Екипата на Барселона е на добар пат да дојде до новиот пехар во Примера кој ќе биде седми во последните десет години, но каталонците сметаат дека не добиваат доволно почит и заслуга за тоа што го прават и за нивниот успех.

Луис Суарез по саботната победа против Валенсија ова го нагласи, а токму на оваа тема се огласи и тренерот Ернесто Валверде кој како секогаш беше директен и конкретен

– Можеби тоа е поради позицијата во која сме. Ако бевме втори, еден поен зад лидерот, ќе  ни дадоа поголема заслуга ако ја освоевме лигата. Ама во моментов  ја немаме освоено лигата и кога ќе го направиме тоа, ако го направиме тоа ќе го разгледаме овој тип на рефлексии на многу појасен начин, -порача Валверде пред средбата со Селта Виго.

Facebook Коментари