Поврзете се со нас

СЕХА лига

Валтер за клучниот момент за поразот на Пелистер: Тоа не можете да го преживеете против тим како Нексе

Објавено

на

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер го загуби и вториот меч во СЕХА лигата во новата сезона, поточно беше поразен од Нексе во Нашице со 29-25.

Битолчани имаа осцилации во играта и поради тоа беше многу тешко да се извлече поволен резултат против хрватскиот претставник кој многу добро знае како се играат овие натпревари.

-Им честитам на домаќините за победата и добриот натпревар. Имаме значајни проблеми со повредите. Клучниот момент на натпреварот беше кога добивме две исклучувања. Едноставно не можете да го преживеете тоа против голем противник како Нексе. Среќен сум што успеавме да се вратиме во натпреварот во два наврати. Имаме долго патување пред нас, потоа имаме два дена одмор што ќе го искористиме за да го анализираме овој натпревар пред да патуваме во Данска, -истакна тренерот на Пелистер, Ларс Волтер.

-Ова беше заслужена победа за Нексе. Ќе дадеме се од себе да се подобриме и да научиме што е можно повеќе од овој пораз, -порача пак бекот Марио Танковски.

Наредниот предизвик за Пелистер во оваа конкуренција е домашниот меч против Војводина на почетокото на наредниот месец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни