СЕХА лига
Валтер: Не „уби“ нивната одбрана, верувам…

Екипата на Еурофарм Пелистер доживеа пораз од Војводина од 29-24 во првата средба од новата сезона во СЕХА лигата.
Клубот од Битола покажа доста слабости на овој меч, а тоа домаќинот знаеше да го искористи особено во вториот дел кога и ја направи клучната предност за освојување на целиот плен. Повеќе од јасно е дека ќе мора да се поправат некои работи и тоа многу добро го знае и тренерот на македонскиот вицешампион, Ларс Валтер кој спортски го призна поразот, а воедно вети подобри изданија во иднина.
-Не „уби“ нивната одбрана 6-0. Немавме добар проток на топката и да напаѓаме околку неа. Искрено, не бевме ни блиску и мораме да кажам дека ова е заслужена победа на Војводина. Се соочувавме со проблем бидејќи не можевме да сметаме на повеќе играчи поради настапот на СП, но тоа не изговор. Верувам дека ќе бидеме подобри како што ќе одминува сезоната, -порача тренерот на „фармацевтите“.
Следниот меч за „зелено-белите“ е против Нексе.
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 24 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)