Поврзете се со нас

Европски купови

Валтер: Бидасоа Ирун е одлична екипа, не очекува интересен натпревар

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер е пред нов предизвик во Европската лига на ЕХФ и тоа против шпанскиот претставник Бидасоа Ирун.

Тоа е тим кој е на петтото место во АСОБАЛ лигата, односно има идентичен учинок како Пелистер (2 победи и 2 порази) во досегашниот дел од групната фаза на Европската лига. Тренерот Ларс Валтер го почитува противникот, но исто така верува дека неговите момци ќе имаат што да кажат на ова гостување.

-Немаме многу време за подготовка за овој натпревар, па затоа важен ќе ни биде тренингот пред натпреварот во понеделник. За жал патуваме во Шпанија без Дејвис, кој се повреди, но во тимот се враќа Павле Атанасијевиќ. Бидасоа Ирун е одлична екипа, играат добро одбрана 6-0 и 5-1, а одличен е и нивниот среден бек. Играат убав, гледлив ракомет и верувам дека ни следи интересен натпревар., -истакна Валтер по што збор имаше и Ненад Костески.

-Бидасоа Урун е една добра екипа, се работи за сериозен противник. Се подготвуваме овие неколку дена, иако знаеме дека е многу густ овој период, истолнет со многу натпревари. Ќе собереме сили и одиме во Ирун на победа, која би ни значела премногу и би ни овозможила големи шанси за пласман во следната фаза. Можам да кажам дека сме во нагорна линија, нашата форма оди нагоре, играме добро, остваривме две големи победи досега на гостински терен. Зошто да не биде ова третата? Сепак, има уште многу да се игра до крај на групната фаза, па затоа одиме со мирни глави на овај натпревар во Шпанија, -порача Костески.

Средбата се игра утре од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни