Поврзете се со нас

Свет

Валон се разигра против фаворитот: Етеми постигна два гола против Алиоски и Фенербахче (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/istanbulspor

Валон Етеми има сензационална сезона во турската фудбалска елита и со своите изданија го привлече вниманието и на многу посилни екипи, а во таа низа можеби ќе се приклучи и Фенербахче кој вечерва прими два гола од македонскиот репрезентативец.

Истанбулспор му ги расипа плановите на фаворизираниот Фенербахче и успеа да извлече бод во исклучително интересен натпревар, кој на крајот заврши со резултат 3:3.

Домаќинот поведе со 2:0 со головите на Гулер, но потоа на сцена стапи Етеми кој постигна два гола и израмни на 2:2 од 57-та до 66-та минута.

Македонскиот голгетер најпрво ја презема одговорноста и го изведе пеналот за враќање во игра, а потоа имаше и доста среќа и со помош на противникот ја затресе мрежата по вторпат.

Фенербахче одново поведе со 3:2 со голот на Педро, но Езе израмни на 3:3 во 96-та минута и ги шокираше Џани Алиоски и неговите соиграчи од Фенербахче (македонскиот бек го одигра цел меч).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни