Поврзете се со нас

Шпанија

Валјадолид се врати во Примера, тренерот режираше лудорија која не се памети во фудбалска Шпанија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realvalladolid

Валјадолид имаше турбулентна сезона и во еден момент се чинеше дека е далеку од промоција во Примера, но добрата серија во вториот дел од кампањата направи „виолетовите“ да се вратат во шпанската елита.

Клубот чиј сопственик е Роналдо Назарио повторно ќе биде дел од најсилното друштво на Пиринеите и тоа беше потврдено со победата над вториот тим на Вилјареал изминатиото викенд, по што во градот Валјадолид владее вистинска фешта во изминатите 48 часа.

Валјадолид победи со пресврт и победата од 3:2 значеше дека математички е обезбеден статусот на прволигаш на едно коло пред крајот, но очигледно тоа најголема сатисфкација му донесе на тренерот, Пауло Пецолано.

Уругваецот доживеа непријатни моменти во текот на сезоната и домашните навивачи скандираа за негово отпуштање, па сега кога тој го врати тимот во Ла Лига, Пецолано не ја пропушти шансата да режира лудорија за паметење.

– Пецолано поднеси си оставка……, – скандирал самиот Пецолано пред насобраните навивачи на Валјадолид, потсетувајќи ги на тешките моменти низ кои мораше да ги мине во изминатите неколку месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни