Поврзете се со нас

Шпанија

Валенсија со симпатично видео го потврди ангажманот на Димитриевски

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Столе Димитриевски уште вчера допатува во Валенсија, а откако ова утро успешно ги минал медицинските тестови, клубот од „Месталја“ го потврди Македонецот како прво летно засилување.

Македонскиот чувар на мрежата стави потпис на двегодишен договор со „лилјаците“ и очекувањата се во новата сезона да биде прв голман на Валенсија, бидејќи главна цел на клубот е да заработи поголема сума на пари од Георги Мамардашвили.

Димитриевски доаѓа со големо искуство во Валенсија поради своите 127 настапи во Ла Лига, а најповолно сценарио за шесткратниот шпански шампион е тоа што Столе пристигна како слободен агент.

На крајот, Димитриевски реши да не го продолжува договорот со Рајо Валјекано и покрај тоа што доби понуда на маса, пред се поради фактот што реши дека е време да направи следен важен чекор во кариерата.

Димитриевски има 30 години и стекна голема почит во цела Шпанија, па затоа Валенсија реши да го претстави новото засилување со симпатично видео.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни