Шпанија
Валенсија размислува за отказ, Бараха сепак може да „преживее“ поради неколку фактори
Шпанска Валенсија се најде во тешка ситуација по вчерашниот пораз од Валјадолид, а медиумите најавуваат дека нашиот Столе Димитриевски наскоро може да добие нов тренер.
Резултатската криза кулминираше со вчерашниот пораз на дербито на дното и фактот што поранешниот шпански шампион ја презема улогата на фенерција во Ла Лига, па експресно се зголеми и притисокот врз Рубен Бараха.
Валенсија врза три порази и има најмалку освоени бодови од 15 натпревари во својата клупска историја, па иако Бараха досега ја имал поддршката на раководството, таквиот статус е променет и нема да биде изненадување ако пристигне информација за негов отказ.
Сопственикот Петер Лим има предвид дека ќе треба да му исплати отштета од 5 милиони евра на Бараха доколку реши да го отпушти, а истовремено е потребна и опција за соодветна замена, па затоа и Валенсија нема да брза во донесувањето одлука и тоа се фактори кои одат во прилог на Бараха.
Во прилог на поранешниот играч на Валенсија оди и фактот што неговиот тим има два натпревара помалку, а наредниот период ќе се соочи со Еспањол и Алавес, што е шанса за подобрување на позицијата на табелата.
-
Англија21 час
Мегваер посебно среќен за соиграчот кој доживеа понижување на „Олд Трафорд“: И јас минав низ истото
-
Шпанија24 часа
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
Свет21 час
Саудијците тврдат: Роналдо прифатил да стави потпис на неверојатен договор со Ал Наср
-
Франција23 часа
Луис Енрике го дозна резултатот од „Ел Класико“, па му постави едно прашање на новинарот (Видео)
-
Шпанија11 часа
Фановите на Реал му пресудија на еден стартер по потопот од Барселона: Не си достоен за дресот (Фото)
-
Шпанија19 часа
Кубо претрча 70 метри и постигна спектакуларен гол во Ла Лига (Видео)
-
Англија10 часа
Кризата во Сити не е единствен проблем за Пеп: Гвардиола ја завршил годината на најлош можен начин (Фото)
-
Англија9 часа
Српски фудбалер ги воодушеви англиските фанови со бизарен гол (Видео)