Поврзете се со нас

Шпанија

Валенсија попусто местеше жив-ѕид: Фекир, Хоакин и Каналес изрежираа бравурозна акција од слободен удар (Видео)

Објавено

на

Бетис и Валенсија одиграа атрактивно и возбудливо дерби во Примера кое заврши со мирољубиви 2:2, а еден од четирите постигнати гола беше вистинско ремек-дело и истото направи главна разлика пред крајот на првиот дел.

Домашниот Бетис беше фаворит на овој дуел, но сепак не успеа да освои значајни три бода во битката за излез во Европа оваа сезона, додека Валенсија која игра ужасно на гости во една од полошите кампањи во поновата историја, освои многу значаен бод во обидот да побегне од опасната зона на табелата.

Стрелци на головите за Валенсија беа Гуедеш и Карлос Солер од пенал, а напаѓачки гледано, главната улога во играта на Бетис ја имаа Фекир, Хоакин и Каналес.

Фекир го постигна првиот гол за 1:0, а потоа учествуваше и во брилијантната и феноменална акција која дефинитивно е вежбана на тренинзите од страна на искусниот стратег Пелегрини.

Фекир, Хоакин и Каналес изрежиираа фантастична акција од слободен удар, во која овој последниот го зададе конечниот удар по кој голманот Хауме немаше можност за интервенција

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни