Поврзете се со нас

Шпанија

Валенсија на Димитриевски освои бод во Каталонија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/RCDEspanyol

Валенсија на Столе Димитриевски не успеа да слави против уште еден ривал од долниот дел на табелата во Примера со таа разлика што сега избраниците на Рубен Бараха останаа непоразени во соочувањето со Еспањол.

Пред неколку дена популарните „лилјаци“ загубија од Валјадолид со 1-0 и го преземаа „фенерот“ во Ла Лига, додека пак вечерва освоија бод во Каталонија играјќи 1-1.

Пуадо во финишот на првиот дел ги доведе домаќините во водство, а веднаш пак по одморот Валенсија одговори преку Лопез. Гостите се трудеа и ја затресоа мрежата на Гарсија и во продолжение, меѓутоа имаше офсајд при тие ситуации и резултатот остана непроменет.

Нашиот Столе ги одигра сите 90 минути.

На втората средба во истиот термин Вилјареал и Рајо Валејкано ремизираа играјќи 1-1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни