Валенсија и Марсијал со два еврогола ја најавија победата на Јунајтед, Лукаку ја потврди (Видео)

marsijal-stoke

Манчестер Јунајтед рутинирано си ја заврши својата работа во последниот меч од 23-то коло во англиската Премиер лига, победувајќи го раздрманиот Стоук без  никакви проблеми и со голема леснотија на „Олд Трафорд“.

Тимот на Жозе Мурињо оствари победа од 3:0, со тоа што триумфот не можеше да биде најавен на подобар начин од тоа што го направија Валенсија и Марсијал. Фудбалерите од Еквадор и Франција постигнаа два фантастични гола од дистанца во првото полувреме, а сигурните три бода ги потврди Ромелу Лукаку со гол постигнат во свој стил.

Манчестер на овој начин успеа да се врати на второто место на табелата во Премиер лигата, а со оглед на првиот пораз кој го претрпе Сити, успеа да ја намали разликата на 12 бода на првенствената табела.

Facebook Коментари