Поврзете се со нас

Шпанија

Валенсија: Клубот не е на продажба, нов претседател е Киат Лим (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Во текот на минатата недела се појавија шпекулации дека Кристијано Роналдо пронашол голем бизнис соработник од Саудиска Арабија кој е подготвен да ја купи Валенсија, клуб кој ова попладне децидно ги демантираше овие информации, најавувајќи дека сопствеништвото и натаму останува во рацете на Питер Лим.

Со оглед на добрата соработка која ја има со Лим, дел од медиумите си дадоа за прво да шпекулираат дека Роналдо на пријателска база ќе склучи договор со сингапурскиот милијардер, но вестите дека Роналдо може да му стане газда на Столе Димитриевски во блиска иднина всушност немаат никаква блискост со реалноста.

Питер Лим преку својата компанија Меритон порача дека не се откажува од Валенсија и дека не планира да ја продаде во скоро време, па за да биде уште повпечатлив, во текот на денешниот ден го назначи својот син Киат за нов претседател на клубот, наследувајќи ја Лајхун Чан.

– Управниот одбор на Валенсија со задоволство објавува дека господинот Киат Лим ќе биде нов претседател на клубот, функција што тој официјално ќе ја преземе на 5 март 2025 година.

– Киат Лим, досегашен директор на Валенсија од 2022 година, ја презема оваа нова одговорност во клучен момент за организацијата. Неговото назначување покажува цврсто сме посветени на клубот и се зајакнува врската со цел за уште поголема стабилност и изградба на солиден проект за иднината.

– Клубот сака да ја изрази својата искрена благодарност до г-ѓа Лајхун Чан за нејзината посветеност, напорите кои ги вложи и лидерство кое го демонстираше во текот на двата мандати како претседател на клубот, – гласи објавата на „лилјаците“.

Ова значи дека Питер Лим останува зад проектот на шпанскиот великан, нешто што дефинитивно не ги израдува навивачите на Валенсија кои веќе со години протестираат против политиката на сингапурскиот газда.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни