Шпанија
Валенсија ќе се засили со „прекуброен“ фудбалер на Баерн Минхен
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе добие нов соиграч од редовите на Баерн Минхен, откако Валенсија успеала да се договори со бундеслигашот за заем на шпански фудбалер.
Се работи за Брајан Сарагоса, фудбалерот кој се пресели во Баерн во зимскиот преоден рок, но не успеа да се наметне кај Томас Тухел, а очигледно сличен третман има и од новиот тренер Венсан Компани.
Сарагоса не е во прв план кај новиот стручен штаб и поради тоа Баерн прифатил опција да го испрати Шпанецот на заем во неговата земја, а Валенсија ја добила битката со Џирона.
Засега Баерн не сака целосно да се откаже од Сарагоса и не вметнува клаузула за откупување на неговиот договор од „лилјаците“, но прашање е дали ќе остане на таков став и по крајот на претстојната сезона. Баварците го доведоа Шпанецот од Гранада и тоа шест месеци пред првично планираното, но на крајот тој не успеа да ја добие посакуваната шанса во Германија.
Сарагоса ќе биде четврто засилување за Валенсија, по Димитриевски, Рафа Мир и Дани Гомез.
-
Лига на нациипред 22 часа
Ван Дајк го изигнорира националниот колега од Јунајтед, видеото стана вирално
-
Лига на нациипред 21 час
Мајсторија на напаѓачот: Словенечкиот коментатор „полуде“ по слаломот на Шешко (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Родриго призна дека знае да се налути: Повремено се чувствувам како да „пополнувам дупки“ во Реал
-
Италијапред 21 час
Мангупскиот гол на Фратези ги воодушеви фудбалските фанови во Италија (Видео)
-
Лига на нациипред 24 часа
Димитриевски не одговори на прозивките од поранешните колеги: Најважно е што ќе направиме утре
-
Лига на нациипред 12 часа
Шок за Артета и фановите на Арсенал: Одегард заработи ужасна повреда и го напушти теренот со плачење (Видео)
-
АТПпред 8 часа
Ферер за допинг аферата на Синер: Се прочитав, тој не е виновен
-
Светпред 12 часа
Интересен предизвик за Холанѓанецот: Депај позираше со дресот на новата екипа (ФОТО)