Поврзете се со нас

Шпанија

Валенсија изрече двојна казна за напаѓачот Рафа Мир (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Валенсија на ужасен начин ја отвори новата натпреварувачка сезона и освои само еден бод од можни 12, па токму поради тоа, најмалку што му требаше на клубот беше и скандал во каков западна Рафа Мир.

Големото летно засилување од Севилја се најде во средина на голем скандал и мина две ноќи во притвор, откако е посочен за првообвинет во нападен чин за силување на млада девојка.

Валенсија во прв момент како клуб се огради од целата ситуација и посочи дека Рафа Мир добил слободни денови за да не се појави во тренинг центарот, но денеска мораше да донесе официјална одлука на оваа тема, откако напаѓачот веќе ја даде првата изјава во судот.

За да не се прекрши презумпцијата на невиност, Валенсија како клуб не се дрзна да му го раскине договорот на Рафа Мир, но попладнево информираше дека добива двојна казна, со напомена дека не се знае кога ќе се врати на натпреварите за првиот тим.

Рубен Бараха како тренер ја презел одговорноста за изрекувањето казна на спортски план и побарал Мир да не тренира со првиот тим најмалку уште една недела, а притоа нема да смета на него и за следните два меча во Ла Лига против Атлетико Мадрид и Џирона.

Валенсија како клуб исто така нагласи дека ќе му врачи и жестока парична казна, за која сепак нагласи дека ќе остане приватна тема меѓу водечките луѓе и самиот фудбалер.

Мир пристигна на „Месталја“ на почетокот на летово и беше претставен заедно со нашиот Столе Димитриевски, но неговата втора авантура во Валенсија почна навистина многу лошо и се уште не е познато како ќе заврши.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни