Поврзете се со нас

Шпанија

Валенсија и Атлетико си подадоа рака, Симеоне ќе го добие бисерот од „Месталја“

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Атлетико Мадрид вчера го потврди ангажманот на Алекс Серлот од Вилјареал, но неполни 24 часа подоцна, се чини дека „душекџиите“ се пред комплетирање на уште една операција со ривалски клуб од Ла Лига.

Како што јавуваат шпанските медиуми, водечките луѓе на Атлетико останале зачудени од барањата на Конор Галахер и целосно ги прекинале преговорите со Челси, по што во експресен рок си подале рака со водечките луѓе на Валенсија.

Хави Гера по сее изгледа ќе биде нов играч за врска на Атлетико, односно уште една свежа крв во тимот на Диего Симеоне кој ќе претрпи неколку промени ова лето.

Гера важи за еден од најталентираните играчи во Шпанија и беше вистински бисер на Валенсија во изминатите две сезони, па иако за него се интересираше и Манчестер Јунајтед, на крајот ќе направи трансфер во Атлетико.

Угледната „Марка“ тврди дека Атлетико и Валеенсија си подале рака за фиксни 25 милиони евра, трансферот може да достигне и 30 преку разни бонуси, додека „лилјаците“ ќе добијат процент и од идна продажба на 21-годишниот играч за врска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни