Поврзете се со нас

Евролига

Валенсија го шокираше европскиот првак, Барселона го освои Минхен (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Валенсија го направија најголемото изненадување на вечерашните мечеви од третото коло во Евролигата.

Шпанскиот преставеник успеа како гостин да слави над актуелниот европски шампион Анадолу Ефес со 92-91. Валенсија пристигна во Истанбул со четири порази во низа (сите конкуренции) и малкумина веруваа дека ќе можат да направат нешто против најдобрата екипа во лигата, но тие покажаа карактер, упорност и дојдоа до голем резултат, прво славје за нив во оваа конкуренција.

Дубљевиќ и Џонс искомбинираа 35 поени, додека залудни за Ефес беше 22 кошеви на Мициќ.

Барселона како гостин ја доби битката со Баерн Минхен со 84-73. Ова беше дуел во кој како решевачки се покажа третиот период кој избраниците на Јасикевичиус го реализираа со 28-19.

Весели, Лапровитола и Абринес дадоа по 14 поени.

На останатите натпревари Жалгирис беше подобар од Виртус Болоња (68-65), Макаби од Монако (78-70), Фенербахче до здроби Асвел со 84-63, додека Партизан ги разочара своите навивачи и претрпе пораз од Милано во Белград (75-80).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни