Шпанија
Валенсија го потврди првото зимско засилување по болниот пораз од Реал (Фото)
Валенсија ја продолжи својата агонија во шпанската Ла Лига и во моментов изгледа како тим кој многу тешко ќе избори опстанок во елитата, особено поради фактот што „лилјаците“ загубија безброј натпревари на кои први поведоа на семафорот.
Така беше и вчера на големото дерби против Реал Мадрид кое се одигра на „Месталја“, натпревар кој домашниот тим го загуби во завршната фаза во ситуација кога имаше и играч повеќе на теренот.
Гостите од Мадрид постигнаа два гола по исклучувањето на Винисиус и се погрижија за пресврт, и тоа во дебито на Карлос Корберан како предводник на Валенсија.
Младиот стручњак го замени Рубен Бараха на жешкото столче и брзо се увери колку овој тим на Валенсија изгледа ранливо во критичните моменти од натпреварите, па пред него има пеколно тешка задача да го задржи истиот во Примера.
При доаѓањето, Корберан побара неколку засилувања во обид да се зголеми квалитетот во актуелниот ростер, а по поразот од Реал на домашен терен, новиот тренер го доби првото во името на Умар Садик.
Нигерискиот напаѓач пристигнува на позајмица од Реал Сосиедад, а претходно корпулентниот голгетер настапуваше одлично за екипите на Алмерија и белградски Партизан.
COMUNICADO OFICIAL | SADIQ UMAR#BenvingutSadiq#ADNVCF
— Valencia CF (@valenciacf) January 4, 2025
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…