Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Валенсија го нападна несовесниот Гасперини: Со своите акции стави во ризик огромен број луѓе

Објавено

на

Искусниот Џан Пјеро Гасперини беше навистина невнимателен и со својата изјава предизвика бура од реакции во градот Валенсија, а сега со официјално гласило се јави и клубот од „Месталја“ откако Италијанецот откри дека имал симптоми на КОВИД 19 пред реванш дуелот во Шпанија.

Тренерот на Аталанта е убеден дека имал коронавирус за време на дуелот со Валенсија на „Месталја“ и направените тестови покажле дека има антитела кои укажуваат дека го прележал вирусот, изјава со која Гасперини практично и призна дека ставил во огромна опасност голем број луѓе.

Валенсија всушност беше и клубот кој пријави најмногу заразени фудбалери на почетокот на пандемијата, па од клубот нагласија дека се изненадени од несовесниот чин на Гасперини.

– Валенсија јавно сака да го искаже своето изнеандување за коментарите кои ги даде тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини. Тој порача дека на денот пред мечот и на денот на мечот имал симптоми карактеристични за коронавируст, а притоа не презел никакви превентивни мерки. Таквите негови акции ставиле во ризик огромен број на луѓе.

– Треба да се потсети дека овој меч беше одигран зад „затворени врати“ поради стриктните мерки во Шпанија, сето тоа како превентива од ширење на КОВИД 19, – гласи објавата на „лилјаците“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни