Поврзете се со нас

Шпанија

Валенсија го исполни главниот услов за да го ангажира Елмас (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RBLeipzig

Ако не се случи нешто неочекувано и крајно непредвидливо, Елиф Елмас во наредните 48 часа треба да се претвори во трето зимско засилување за Валенсија, откако „лилјаците“ досега успеаја да ги доведат Макс Аронс од Борнмут, како и Умар Садик од Реал Сосиедад.

Вчерашното очајно издание на „Монжуик“ во Барселона јасно укажува дека Валенсија ќе води грчевита борба за опстанок до крајот на сезоната, а управата гледа на Елмас како играч кој може многу да придонесе во обид да се избегне најлошо сценарио.

Македонскиот репрезентативец го има одобрено трансферот на „Месталја“ и според информациите е согласен да стане соиграч на Столе Димитриевски и на клупски план, а оваа вечер се исполни и главниот услов за да се случи такво нешто.

Валенсија како клуб мораше да ослободи едно место во првиот тим за да го ангажира Елмас, а фактот што Максимилијано Кофри се пресели во Ред Бул Салцбург остава простор да се комплетира веќе договорениот трансфер.

Германските и шпанските медиуми веќе пренесоа дека Валенсија и РБ Лајпциг ја имаат договорено позајмицата на македонскиот репрезентативец, но сега клубот од „Месталја“ со исполнување на завршниот услов ќе може да ја забрза операцијата и да го доведе Елиф во тимот на Карлос Корберан во најскоро можно време.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни