Валенсија без Габриел на двомечот со Аталанта

valencia1

Валенсија ќе биде ослабена во одбраната и на двата натпревара против Аталанта во осминафиналето на Лигата на шампионите, затоа што искусниот Габриел Паулиста добил суспензија од УЕФА.

Бразилецот беше исклучен во финишот на дуелот меѓу Ајакс и Валенсија кој им припадна на гостите, а дисциплинската комисија на УЕФА решила да му изрече суспензија на две средби.

Информацијата денеска ја потврдил тренерот Алберт Селадес, најавувајќи дека неговиот тим ќе биде Паулиста во двомечот со италијанскиот ривал.

Facebook Коментари