Валдес му испрати специјална порака на талентираниот Фати пред првиот меч за Барселона (ФОТО)

ansu-fati

Барселона има многу проблеми во напаѓачката линија, односно поради повреди во „аут“ се Лионел Меси, Луис Суарез и Усман Дембеле, па поради тоа вечерва може да дебитира талентираниот Ансу Фати кој има само 16 години.

Фати се најде на списокот на Ернесто Валверде за овој меч и ако заигра на истиот ќе стане вториот најмлад играч кој дебитирал во дресот на каталонцскиот гигант. Токму во пресрет на овој натпревар, сегашниот тренер на талентираниот офанзивец, Виктор Валдес испрати специјална порака до него.

-Ти посакувам се најдобро на овој специјален ден за тебе. Помисли дека на крајот на денот ова е само фудбал и гол. Уживај на Камп Ноу, малечок. Ако дебитираш сигурен сум дека ќе те воздигнат до небото. Ансу, секогаш биде силен и брз, -му порача Валдес кој е легенда на Барселона.

https://www.instagram.com/p/B1lTkFxI12O/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Facebook Коментари