Поврзете се со нас

Свет

Валдерама се вклучи во „војната“: Хамес покажа непочитување кон најголемиот!

Објавено

на

Хамес Родригез доста често знае да се најде на удар од страна на колумбиските медиуми, но сега доби сериозен напад и од две фудбалски легенди од оваа земја, откако ѕвездата на Евертон излезе со сериозен заклучок пред извесно време.

Родригез се самопрогласи за најдобар колумбиски играч на сите времиња и се стави дури и пред ценетиот Фреди Ринкон кој според многумина има посебно влијание за фудбалот во Колумбија, па иако досега беше постојано бранет од Карлос Валдерама, сега и неповторливиот „Ел Пибе“ удри по својот сонародник.

Ринкон истакна дека нема потреба да ги коментира заклучоците на Хамес за тоа дека е најдобар и нагласи дека неговото его е преголемо штом самиот си дава за право да излегува со такви ставови во јавноста, а денеска се јави и Валдерама кој застана на страната на својот поранешен соиграч.

– Хамес покажа непочитување кон големиот Ринкон, можеби и најголемиот. Му недостасува респект, тоа е очигледно. Еден играч како него мора да има почит кон најголемите во историјата. Фреди е голем, тој е наша историја, наша ѕвезда, – изјави Валдерама откако Хамес нагласи дека има неколку играчи од Колумбија кои се подобри од Ринкон.

– Хамес треба да се насочи на играта. Беше надвор од ритам, сега полека се враќа, му препорачувам да се концентрира на фудбалот. Од него се бара да се врати во најдобра форма, бидејќи уште е далеку од тоа. Ако не се врати, не и е потребен на репрезентацијата, нема да биде корисен, – додава Валдерама.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни