Поврзете се со нас

Шпанија

Валдано за заминувањето на Меси: Ова е најголем пораз во кариерата на Лапорта

Објавено

на

Заминувањето на Лионел Меси од Барселона е големо разочарување за фановите и вистински шок по враќањето на Жоан Лапорта, од кого тие имаа големи очекувања.

Новиот претседател денеска го бранеше ставот на клубот да се заштите од евентуални поголеми проблеми во иднина, но Хорхе Валдано вели дека ова е најголемиот пораз во неговата функционерска кариера.

Легендата на Реал Мадрид и сонародник на Меси смета дека крајот на соработката меѓу Барса и капитенот е голем удар и за лигата.

– Ова е големо изненадување за мене, не само Барселона, туку и Ла Лига загуби голема ѕвезда.

– Заминувањето на Меси ќе го уништи Лапорта. Она што требаше да биде најважен момент на почетокот на неговиот мандат, се претвори во најголем пораз, – смета Валдано.

Тој прогнозирал и каде ќе замине Меси во овој преоден рок.

– Се споменува МЛС, но тоа е сериозно менување на целиот концепт, а да потсетам дека доаѓа Светското првенство и за него мора да бидете во топ форма.

– Најреални опции се ПСЖ и Манчестер Сити, но ја типувам на францускиот клуб, – изјавил Валдано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни