Валдано за големата надеж на Реал и Зидан: Тоа што му недостасува не се учи така лесно!

valdano-zizu

Хорхе Валдано добро ги познава сите структури во Реал Мадрид и постојано е упатен во сето она што се случува во клубот од шпанската престолнина, а во својата најнова анализа за изгледот на тимот во разочарувачкото издание на Балеарските Острови, поранешниот играч и директор на „кралевите“ излезе со една интересна теорија.

Во ситуацијата, Валдано даде свое мислење за неколку играчи кои беа во стартната постава на дуелот со Мајорка, со тоа што посебно песимистички настроен беше кон играчот од кој клубот и Зинедин Зидан имаат големи очекувања во блиска иднина.

– Зидан одлучи да им верува на играчите со кои работеше цела недела, но на теренот тоа едноставно не функционираше. Јовиќ не успева да се поврзе со Бензема, не можат да играат заедно. Иско мора многу да се потруди за да се врати на своето ниво, во овој момент е многу далеку од тоа. Мора да се врати во тимот и да помогне со својот фудбалски талент. Работата со Винисиус бара многу повеќе работа. Тоа што ме недостасува на Винисус, не е воопшто лесно за учење. Завршниот пас и завршницата не се учат така лесно, не оди тоа од ден за ден. Што се однесува до Куртоа, тој немаше никаква одговорност за голот, но се добива впечаток дека секој испратен шут кон неговиот гол, завршува во мрежата. Нема среќа и нема самодоверба, – заклучува Валдано во анализата за „Ел Трансистор“.

 

Facebook Коментари