Валдано отворено за поранешниот клуб: Реал ме збунува, навистина е тешко…

valdano

Легендата на Реал Мадрид, Хорхе Валдано кој во овој клуб мина дел од својата карера како фудбалер и тренер не знае што да очекува од четата на Зинедин Зидан на престојната пресметка против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

Реал во актуелнава кампања има многу падови, испадна од Купот на Шпанија, во Примера е далеку од врвот, па како цел останува најелитното натпреварување.

-Реал ме збунува. Тешко е да се каже и да се објасни дали Реал може да го помине ПСЖ. Меѓутоа тоа не би ме изненадило, бидејќи како што мечот се приближува тежината на историјата е се поголема, -рече Валдано кој му даде поддршка на Зидан за тoа што се држи до своите принципи.

-Кога си во кризна ситуација многу е лесно да се изгубиш. Ситуацијата бара акција, но сепак Зидан одлучи да го направи спротивното. Остана со формацијата 4-3-3 и тоа е добар знак за мене попродуктивно е да останете со добар систем, отколку да направите очајна потрага по решенија кои на крајот повеќе ве збунуваат, -истакна Аргентинецот за „Беин Ла Лига“.

Facebook Коментари