Поврзете се со нас

Шпанија

Валдано: Некој треба да му каже на Винисиус…

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Винисиус Жуниор доста често е тема на разговор во фудбалските кругови и јавноста, а причината за тоа не се неговите погодоци, асистенции, влијание врз играта туку неговото однесување со противничките играчи, екипи и ако тој се прашува секогаш некој друг е виновен.

Бразилецот знае да биде незгоден, да провоцира, но и да се „исклучи“, да падне во „замката“ на ривалите“ кои знаат да го искористат неговиот „краток фитиљ“. Меѓутоа повеќе е јасно е дека нешто мора да промени затоа што се работи за играч од светска класа, со супер квалитет, знаење, ас кој го претставува Реал Мадрид, клуб за кој своевремено настапуваше Хорхе Валдано.

Валдано знае која тежина ја има Реал како клуб за кого освен што настапуваше беше и тренер, функционер, спортски директор, па токму тој имаше јасна и директна порака за офанзивецот на „кралевите“.

-Пред се тој треба да го направи она што се очекува од една суперѕвезда, а тоа е да победува. Реал Мадрид му должи за многу голови и победи што им ги овозможи, повеќе отклку на било кој друг фудбалер од овој состав. Некој треба да му каже дека ова што му се случува им се случувало и на други ѕвезди на Реал. Пред него тоа го помина Роналдо, Уго Санчез, а пред сите нив Алфредо Ди Стефано… Зошто? Затоа што се најдобри, -порача Валдано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни