Поврзете се со нас

Шпанија

Валдано го нападна Перез и заклучи: Оваа војна ја добија англиските навивачи, ако зависеше од шпанските….

Објавено

на

Хорхе Валдано како легенда на Реал Мадрид го дочека својот ред да ја коментира Супер лигата, натпреварување кое според него било вештачка форма да се претстави нешто добро, па со оглед на ваквото свое мислење, немаше проблем да го нападне и својот поранешен работодавец кој е лидер на проектот.

Флорентино Перез се претстави како спасител на фудбалот во своето прво јавно обраќање по презентирањето на Супер лигата, поради што претседателот на Реал Мадрид доби низа критики и напади во јавноста, на кои се надоврза и Валдано како поранешен играч, тренер и директор во „кралскиот клуб“.

– Не може да излезете на интервју со „Ел Чирингито“ и да се претставувате како спасител на фудбалот, а притоа да не објасните ништо што би му дало кредибилитет на натпреварувањето. Премногу го потценија фудбалскиот свет, кој видовме дека е многу силен.

– Сепак, јас сметам дека оваа војна ја добија англиските навивачите, бидејќи тука во Шпанија, никој не мрдна со прст против Супер лигата. Не може да се прави ваква револуција во популарен производ каков што е фудбалот, без притоа да објасните што правите.

– Ова беше супер-проект со несолидна база, па токму поради тоа, беше осуден на пропаст и колапс во краток временски интервал. Вистината е дека овој мега проект брзо се урна, набрзо ќе видиме какви финансиски последици ќе имаат големите клубови, – вели Валдано во интервјуто за „Онда Серо“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни