Поврзете се со нас

Шпанија

Валдано го избра најинтелигентниот играч кој заиграл за Реал: Немам видено нешто слично

Објавено

на

Хорхе Валдано е жива легенда на Реал Мадрид и неговиот збор секогаш привлекува големо внимание во јавноста, од едноставна причина што искусниот Аргентинец може да се пофали со своето уникатно спортско портфолио во „кралскиот клуб“.

Валдано беше играч, тренер и директор на Реал Мадрид, а како човек кој мина навистина неколку децении во шпанската престолнина, сега направи еден специфичен и посебен избор кога се во прашање најдобрите играчи кои ги има гледано во белиот дрес на „кралевите“.

Аргентинецот смета дека Раул Гонзалез е убедливо најинтелигентниот играч кој го има видено во својот живот, па поради тоа, му прогнозира и блескава тренерска кариера, со оглед на тоа што легендарниот напаѓач веќе работи во младинскиот погон на Реал.

– Раул е најинтелигентниот играч кој сум го видел на еден терен. Немам видено такво нешто. Фудбалската интелигенција ја демонстрираше на теренот, во односот кон противникот, кон публиката, кон судијата. Немам видено посовршена интелигенција. Отсекогаш сум велел, Раул е одраз за Реал Мадрид, ако еден ден има војна, Раул ќе оди во битка со знамето на Реал Мадрид.

– Како тренер, сигурен сум дека ќе биде еден од најдобрите во историјата. Работи со истата страст како играч. Има нешто што го имаат најголемите тренери. Има неверојатна енергија каква што имаат Гвардиола, Мурињо, Симеоне. Веќе ги знае сите играчи од младинскиот погон, верувам многу во него, – вели Валдано во интервјуто за „La Galerna“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни