Валдано: Барањето кое го испрати Рамос укажува дека Реал е несигурен

FBL-EUR-C1-REALMADRID-TRAINING

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид и некогашен спортски директор на клубот, Хорхе Валдано, во последно време испраќа многу пораки преку кои се обидува да го детектира главниот проблем во тимот на Зинедин Зидан, а сега се најде во центарот на вниманието откако даде своја анализа за вечерашниот дуел кој ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.

„Кралевите“ секако имаат обврска да остварат поволен резултат против ПСЖ на домашен терен, а Валдано сега порача дека изјавата на Рамос го натерала да мисли на тоа дека тимот се чувствува несигурен и дека ја нема потребната самодоверба.

По победата над Реал Сосиедад, Рамос побара од фановите да имаат заеднички собир со играчите во текот на денешниот ден (некаде околу 18:30 часот пред да се упатат кон стадионот), а Валдано ова го смета како порака која укажува на несигурноста која владее кај играчите за своите способности.

– Кога капитенот на Реал Мадрид бара поддршка од фановите пред да се упатат кон стадионот, тоа укажува дека тимот не несигурен. Барањето на Рамос алудира на такво нешто, но јас сигурен сум дека вечерва ќе видиме еден сосема поинаков Мадрид, кој ќе влезе максимално ангажирано и со голем ентузијазам во мечот. Ако Роналдо биде на своето најдобро ниво, тој ќе ја направи разликата, – смета Валдано.

Facebook Коментари