Македонија
Валчак: Вардар e клуб што не се одбива, ова ќе биде одлично искуство
Актуелниот европски шампион Вардар продолжи да го формира составот за следната сезона, а најновата аквизиција е 27-годишниот полски интернационалец Патрик Валчак.
Се работи за играч кој ја покрива позицијата кружен напаѓач, играч кој во Скопје доаѓа од Германија од таборот на Либек. Ова за Валчак ќе биде ново искуство и тој самиот признава дека едноставно не можел да ја одбие оваа понуда од клуб како Вардар кој во последниве години се афирмираше како еден од најдобрите на стариот континент.
-Не размислував долго за понудата. Тоа е клуб кој игра во ЛШ што сега сега е многу потешко да се стигне откако го променија форматот, исто се натпреварува и во СЕХА лигата, а има и многу големи играчи како Марко Вујин и Тимур Дибиров. Ќе имам многу шанси за игра и верувам ќе биде одлично искуство, -вели Валчак кој пред пандемијата имал понуди од клубовите од Бундеслигата.
-Пред пандемијата разговарав со клубови од првата Бундеслига, ама коронавирусот парализираше многу работи. Во меѓувреме благодарение на мојот нов менаџер почнав преговори. Вардар гледал видеа од мене, беа заинтересирани за соработка и успеавме да дојдеме до договор. Не се грижам за финансиите, добив гаранции дека се ќе биде во ред, -истакнува Полјакот кој не се плаши од конкуренцијата или во случајот тоа се Стојанче Стоилов и Глеб Калараш.
-Јас можам да играм и во напад и во одбрана. Mоже да се воспостави рамнотежа. Стоилов повеќе се користи во нападот, Калараш во одбрана, -заврши новиот член на „црвено-црните“.
-
Балканпред 23 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 17 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 14 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Шпанијапред 23 часа
Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите
-
Францијапред 22 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 16 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Германијапред 19 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!