Поврзете се со нас

СЕХА лига

Валчак: Секој гол е подеднакво важен, овој натпревар ни покажа каде грешиме

Објавено

на

Ракометарите на Вардар успеаа да се пласираат на завршниот турнир во СЕХА лигата, но средбата против Нексе во Скопје ќе сакаат што побрзо да ја заборават со оглед на играта, настапот и поразот кој овојпат за нивна среќа им овозможи да ја минат четвртфиналната фаза во ова натпреварувања.

Еден од хероите на „црвено-црните“ беше пикерот Патрик Валчак кој во самиот финиш одигра клучна улога со своите голови, движења во нападот. Токму Полјакот го даде клучниот погодок за вардарци за место во Задар, но Валчак беше скромен и порача дека секој гол ја има истата вредност без разлика дали е постигнат на почетокот или на крајот

-Последниот гол беше подеднакво важен како секој гол во овие два натпревари. Ние ја постигнавме зацртаната цел и обезбедивме пласман на завршниот турнир. Пред нас е долг пат, од овој меч можеме многу да научиме и да ги подобриме сите аспекти кои не фукционираа против Нексе, -истакна Валчак.

Турнирот во Задар се игра од 4 до 6 септември, македонскиот преставник во полуфиналето ќе се соочи со ППД Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни