Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Валчак: Подготвени сме за ПСЖ, ги знаеме „финтите“ на Раул

Објавено

на

Вардар во среда ќе одигра уште еден меч од Лигата на шампионите и тоа на гостински терен против најдобрата француска екипа Пари Сен Жермен.

„Светците“ не ја започнаа сезоната онака ако што посакуваа, имаат една победа по четири натпревари, па против Вардар ќе бараат шанса да се вратат на победчката патека. Сепак за тоа се прашуваат и „црвено-црните“ кои веруваат дека имаат можност да направат изненадување пред се затоа што добро го познаваат домашниот стратег Раул Гонзалес.

-Можам да кажам дека се подготвуваме за ПСЖ, ги анализираме и веќе знаеме како да играме против нив. Ние го знаеме системот на Раул Гонзалес затоа што дел од ракометарите овде веќе имаат соработувано со него, ги знаат ситните детали кои Раул ги очекува од ракометарите. Знаеме како ќе биде и се надеваме ќе донесема два бода од Париз, -истакна кружниот напаѓач Патрик Валчак.

Дуелот ПСЖ-Вардар се игра во среда од 18:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни