Поврзете се со нас

Франција

Валбуена со џентлменска изјава: Бензема и е потребен на Франција

Објавено

на

Карим Бензема денеска ја дозна својата казна поради учеството во случајот со изнудување пари од својот репрезентативен колега Матје Валбуена, при што напаѓачот на Реал Мадрид очекувано помина со условна затворска казна и парична глоба која ќе треба да ја плати.

Валбуена веднаш бил контактиран од медиумите за коментар околу ставот за иднината на Бензема во националниот тим, односно дали ѕвездата на Реал треба да биде дел од националниот тим кога има пресуда со која е потврдена неговата улога во скандалот.

Фудбалерот на Олимпијакос одговорил џентлменски, не сакајќи да прави притисок врз селекторот и федерацијата.

– Бензема е фантастичен фудбалер, а на Франција и се потребни најдобрите играчи кои ги има на располагање.

– Јас нема да коментирам или одлучувам дали некој треба да биде повикуван или не во националниот тим, – изјавил Валбуена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни