Поврзете се со нас

Франција

Валбуена не отстапува од гонењето на Бензема: Снимката покажува дека Карим знаеше за уцената

Објавено

на

Некогашниот француски репрезентативец, Метју Валбуена се појави на судењето против Карим Бензема во кое тој е обвинет дека го уценувал некогашниот соиграч од репрезентацијата на кого му барал пари за да не објави негова снимка со интимна содржина.

На судењето не присуствувал Бензема, а на истото било пуштено видео на кое се гледа играчот на Реал Мадрид како со еден од останатите обвинети разговара за уцената на Валбуена.

– Се видов со него, не ја разбира оваа работа сериозно. Му реков на Валбуена дека ако сака да ја уништиме снимката да се состане со мојот пријател. Без полиција, без адвокати. Џибрил Систе го стори истото, си плати, -биле зборовите на Бензема на снимката која била пуштена во судницата.

Валбуена кој до крај ќе ја тера работата против неговиот поранешен пријател истакна дека е разочаран што тој не се појавил на судењето.

– Случајов се провлекува шест години, сите се тука, само Карим го нема. Штета што е така. На ова чекаме шест години и колку и да треба да чекам, тоа ќе го сторам за се ова да заврши.

– Инсистираше да се сретнам со некого, но не ми го кажа името. Сфатив дека е дел од се и чувствував како да сака да ме заплаши, -изјави Валбуена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни