Поврзете се со нас

Англија

Вајт потпиша нов договор со Арсенал, но и одбива да игра за Англија

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Бен Вајт и во наредните години ќе го носи дресот на лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Арсенал.

Имено дефанзивецот ја прифатил понудата и ќе биде активен за клубот од северен Лондон до јуни 2028 година.

-Одлична вест е што Бен ја обврзува својата иднина во клубот. Бен е клучен играч за нас, врвен професионалец со победнички менталитет и еден од момците кои секојдневно водат со пример. Способноста, решителноста и позитивниот став на Бен се толку важни, но тој е и одличен карактер и човечко суштество. Сите со нетрпение очекуваме да продолжиме да работиме со него во наредните години, -порача менаџерот Микел Артета.

Од друга страна англискиот селектор, Герет Саутгејт обелодени дека Вајт не сака да го носи дресот на гордиот албион во овој момент.

-Имавме повик од Еду минатата недела, ни рекоа дека Бен не сака да игра за Англија. Тоа за мене е голема штета. Тој е играч што навистина ми се допаѓа. Тој е играч што го однесовме на ЕП кога беше во Брајтон, играч што го однесовме на Светското првенство. Разговарав со него по Катар затоа што сакав да го изберам и очигледно имаше воздржаност од негова страна. Не знам целосно зошто е тоа така, но морам да го почитувам тоа.Сакам да ја оставам вратата отворена за него бидејќи е добар играч. Мислам дека тој е играч кој може да направи разлика за Англија, -истакна Саутгејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни