Поврзете се со нас

Лига на нации

Вајс пред дуелот со Македонија: Утре ќе бидеме херои или губитници

Објавено

на

Грузискиот селектор Владимир Вајс ја одржа вообичаената прес-конференција во пресрет на утрешниот дуел против Македонија од плејофот на Лигата на нации.

Дуелот во Тбилиси ќе одлучува која репрезентација ќе патува на Европското првенство, а Вајс е свесен за влогот на истиот.

– Утрешниот натпревар ќе биде најзначаен за оваа генерација во грузискиот фудбал.

– Сите се надеваме дека утре ќе победиме и ќе ги направиме фановите среќни, мора да се бориме и да постигнеме гол повеќе.

– Ова е фудбал, има само два исхода, или ќе победиме или ќе загубиме, ќе бидеме херои или губитници. Сакаме да ја израдуваме Грузија и ветувам дека ќе направиме се што можеме, – изјавил Вајс.

Двете селекции ремизираа на последните две соочувања, но ова ќе биде најважно досега во пресметките на Грузија и Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни