Поврзете се со нас

Лига на нации

Вајс пред дуелот со Македонија: Две причини го прават тактизирањето непотребно

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги заокружи своите октомвриски обврски со утрешниот дуел од Лигата на нации против Грузија.

Двете селекции се свесни дека евентуална победа ќе донесе сериозна предноста во обидот да се освои првото место во групата, а гостинскиот селектор Владимир Вајс најави офанзивен пристап и атак на трите бода во Скопје.

Селекторот на Грузија потенцира дека двете репрезентации влегуваат со слична математика на утрешниот натпревар.

– Овој натпревар е посебно важен во оваа група од Лигата на нации, која репрезентација ќе победи ќе има големи шанси да го освои првото место.

– Двете селекции ќе играат без неколку стандардни фудбалери, но од друга страна тоа е добра можност за селекторите да им дадат шанса на други играчи. Не знам дали утре македонската репрезентација ќе започне со систем со тројца или четворица дефанзивци, но подготвени сме за двете опции, – истакна Вајс.

Словачкиот стручњак вели дека фактот што и во двете репрезентации ќе недостасуваат по неколку клучни играчи, но и неизвесноста која ја носи коронавирусот, не оставаат посебен простор за потреба од тактизирање во пресрет на дуелот следниот месец меѓу двете селекции, кој ќе одлучи која репрезентација ќе игра на ЕП.

– Светот стана навистина опасно место, не знаеме што ќе се случува за еден месец, а во моментов најголем непријател на фудбалот е коронавирусот. Еве денеска слушнавме дека и Роналдо се заразил, така што не знаеме што може да донесе времето.

– Исто така, Македонија ќе без неколку клучни играчи, но и ние ќе настапиме без капитенот Канкава, Окријашвили, Чакветаѕе, Кашија и Какабаѕе, тоа се многу важни фудбалери за нас – дополнил Вајс.

Натпреварот меѓу Македонија и Грузија се игра утре од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни