Поврзете се со нас

Англија

Вајналдум за заминувањето од Ливерпул: Не сакаа да ме задржат…

Објавено

на

Холандскиот репрезентативец, Џини Вајналдум мина пет одлични сезони во дресот на Ливерпул и за многумина беше изненадување како премиерлигашот така лесно се откажа од неговите услуги.

Играчот врска беше под договор до 30 јуни оваа година и откако стана јасно дека нема да дојде до продолжување на соработката тој се одлучи да ја прифати понудата од ПСЖ иако за него интерес покажа и Барселона.

Сега Вајналдум по неколку месеци се одлучи да проговори за разделбата со „црвените“ кои според него не покаже интерес за го задржат и покрај тоа се што направи за клубот.

-Го следите вашето чувство. Пред неколку месеци, јас изразив желба да останам во Ливерпул, но без да навлегувам во детали Ливерпул не ми даде чувство дека сакам да ме задржи. Кога е така мора да одиме напред, -рече Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни