Поврзете се со нас

Франција

Вајналдум: Сите зборуваат за Меси, но јас имам друг феноменален соиграч во ПСЖ

Објавено

на

Џорџионио Вајналдум ја игра првата сезона во дресот на ПСЖ, а период на адаптација му овозможи и подобро да ги запознае новите соиграчи.

Во својата последна изјава, холандскиот репрезентативец уште еднаш истакнал дека фудбалската јавност неправедно ги потценува фудбалерите кои не даваат голови.

– Сите зборуваат за Меси и Роналдо бидејќи тие доминираат на фудбалската сцена последните 15 години, а одвреме навреме се појавува и некој трет играч кој е актуелен.

– Кога зборуваме за најдобрите фудбалери, луѓето автоматски зборуваат за напаѓачите и офанзивните играчи за врска, но исто така постојат и одлични дефанзивци.

– Вирџил ван Дајк е еден од нив, а во ПСЖ имам можност да играм со Марко Верати, кој е дефанзивен фудбалер од средниот ред, но е феноменален играч. Не се зборува често за него бидејќи не постигнува голови и нема многу асистенции, но она што го прави на теренот е неверојатно, – изјавил Вајналдум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни