Поврзете се со нас

Франција

Вајналдум си заминува од ПСЖ по само една сезона

Објавено

на

Пари Сен Жермен минатото лето донесе доста познати имиња, група во која беше и Џини Вајналдум кој иако имаше понуда на маса од Барселона се одлучи да слета на „Паркот на принцовите“ како слободен агент.

Таа негова одлука се покажа како погрешна ако се земе во предвид минатава сезона во која беше во втор, план кај „светците“. Тој одигра 38 натпревари, но само на 18 од нив беше стартер, па на крајот заврши со три голови и исто толку асистенции.

Ова дефинитивно не му се допаѓа на 31-годишниот Холанѓанец кој според медиумите ќе има простор да си замине од ПСЖ.

Една од опциите е и позајмица, но со оглед на тоа што интересот за него е голем од ПЛ, Серија А и Бундеслигата нема да има проблем да пронајде клуб во кој ќе добие поголема минутажа, позначаен статус и со тоа што подобро го дочека престојното СП во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни