Поврзете се со нас

Франција

Вајналдум одново објасни зошто го одбил каталонскиот гигант: Навивам за Барселона од најмали нозе, но…..

Објавено

на

Џини Вајналдум вчера беше официјално претставен како ново големо засилување за ПСЖ, а при едно од првите обраќања, одново мораше да објаснува зошто го избрал проектот на „светците“, а не оној на Барселона кој се чинеше дека е во пол позиција за неговиот потпис.

Холандскиот капитен стана слободен агент откако му заврши договорот со Ливерпул, па иако во прв момент се чинеше дека е многу блиску до „Камп Ноу“, тој заврши на „Паркот на принцовите“ и вчера беше промовиран од ПСЖ.

Дел од медиумите пренесоа дека Вајналдум го избрал ПСЖ поради тоа што добил двојно подобра финансиска понуда од онаа од Барселона, нешто што самиот фудбалер сега се обиде да го демантира во своето прво излагање како член на францускиот великан.

– За мене сите пишувања беа малку смешни, бидејќи вистина е дека стануваше збор за многу тежок избор. Јас навивам за Барселона од најрана возраст и голем фан сум на овој клуб. Бевме во преговори и имав добро чувство, но преговарав и со други клубови.

– ПСЖ дојде пред Барселона, но ПСЖ покажа најголем интерес за мене и се врати по интересот кој го искажа и Барса. Го познавав Покетино од времето во Тотенхем и ме убеди за проектот на ПСЖ. Тие беа побрзи во преговорите и ми оставија подобро чувство. Во ПСЖ сите ме сакаа, а во Барселона добив чувство дека ме посакува Роналд Куман, но не толку и останатите. Се пренесе дека ПСЖ ми понудил двојно повеќе пари, но не е така. Разликата не беше толку голема. Демантирам дека го избрав ПСЖ за пари, – потенцира Вајналдум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни