Поврзете се со нас

Франција

Вајналдум објасни зошто го одбра ПСЖ пред Барселона

Објавено

на

Холандскиот репрезентативец, Џини Вајналдум беше еден од играчите за кого најмногу се говореше во изминатиов период, а причината за тоа е одлуката за тоа каде ќе ја продолжи кариерата откако стана јасно дека неговата приказна со Ливерпул е завршена.

Голем дел од медиумите пренесуваа дека е „печен“ за да заврши во Барселона за да на крајот тој се реши да потпише за Пари Сен Жермен и тоа откако доби подобра финансиска понуда од „светците“.

Одлуката на Вајналдум за многумина беше изненадување со оглед на тоа што на „Камп Ноу“ ќе можеше да соработува со сонародниците Роналд Куман и Френки Де Јонг, а може да пристигне и Мемфис Депај. За тој свој потег даде објасување и обелодени зошто се одлучи да слета на „Паркот на принцовите“.

-Беше многу тешко. Со Барселона преговарамме четири седмици. ПСЖ беше малку побрз и ме убеде со проектот. Беше тешка одлука затоа што Барселона беше многу заинтересирана за мене. Признавам дека во ПСЖ ќе заработам повеќе пари, ама него избрав него само поради тоа, -рече Џини кој исто така е среќен што го реши клупското прашање пред настапот на ЕП каде неговата Холандија ќе се соочи со Македонија, Украина и Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни