Поврзете се со нас

Франција

Вајналдум им ги скрши срцата на фановите на Ленс и го спаси ПСЖ од пораз во 92. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Ленс високо котира на табелата во француската Лига 1, а зошто е тоа така потврди и против најсилниот тим во првенството, кој вечерва за влакно се извади од пораз на гостувањето во вечерниот саботен термин.

Домаќините поведоа со голот на Фофана и го искористија фактот што Покетино реши да го одмора Килијан Мбапе, но тоа се промени набрзо по постигнатиот гол и Французинот стапи на сцена.

Тренерот на ПСЖ го започна мечот со Меси, Ди Марија и Икарди во нападот, но аргентинското трио не донесе резултат и како клучни за избегнување на пораз се покажаа резервистите.

Мбапе и Вајналдум влегоа од клупа во 70-та минута, а токму тие двајца се покажаа како „џокери“, бидејќи тие ја креираа акцијата за 1:1.

Вајналдум со добра реализација со глава им ги скрши срцата на фановите на Ленс, а истворемено спречи втор пораз за ПСЖ во француската Лига 1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни