Поврзете се со нас

Свет

Вајли запиша дабл-дабл, ама Димитријевиќ ја доби репрезентативната битка (ВИДЕО) 

Објавено

на

blank

Македонските репрезентативеци, Ненад Димитријевиќ и Џејкоб Вајли имаа своја битка во АЦБ лигата, а поуспешен беше плејмејкерот кој со Хувентуд како гостин славеше над Сарагоса со 100-95.

Ова беше возбудлив, неизвесен и интересен меч до самиот крај во кој гостите од Бадалона покажаа дека во овој момент се подобра, поквалитетна екипа. Одлични на паркетот беа како Димитријевиќ така и Вајли со тоа што и двајцата придонесот го дадоа од клупата за резерви.

Нено за 26 минути на паркетот реализираше 19 поени со 5 асистенции и 1 скок, а пак Вајли за Сарасоса беше прв стрелец со 21 кош на кои додаде 10 скокови.

Хувентуд со 26 поени е на 7 позиција, Сарагоса со 20 го зазема 11 место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни